ЕУ делегација во Тирана: Не бевме дел од експертите, загрижени сме од предложените измени на Кривичниот законик

По изјавата на албанскиот премиер, Еди Рама, дека измените во Кривичниот законик ги подготвиле со помош на европски експерти, за онлајн изданието на весникот „Панорама“, попладнево, делегацијата на ЕУ во Тирана, оценува дека измените „не се во согласност со европските стандарди“.

Нагласува дека добила известување за презентацијата на нацрт-амандманите на Кривичниот законик, но не била дел од оваа експертска група.
Тие изразуваат особена загриженост во врска со законските измени предложени од работната група, кои можат да имаат негативно влијание врз правата на граѓаните, слободата на изразување и слободата на медиумите.
„Овие одредби не се во согласност со стандардите на ЕУ и убедени сме дека, во рамките на процесот на консултации и во рамките на обврските за членство, овие загрижености ќе бидат разгледани“, се наведува во реакцијата.
Меѓу другото, Делегацијата на ЕУ ја нагласува важноста од обезбедување сеопфатни и целосни консултации со сите клучни правосудни институции и актери во владеењето на правото, како и со граѓанското општество, за да се гарантира највисок квалитет на законодавството што треба да се донесе. 

Зачлени се на нашиот е-билтен