Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ќе стартува в петок 8. август со два натпревара. Двата го имаат епитетот дерби. Во Тетово првакот Шкендија го пречекува Шкупи, додека во вечерниот термин од 20 часот на Националната Арена „Тодор Проески“ е дуелот на „лутите ривали“ ќе играат Вардар и Пелистер.
Два натпревара се на програмата в сабота (9. август). Во Куманово Башкими го пречекува Арсими, додека Струга Трим Лум е домаќин на Македонија Ѓорче Петров.
За недела се закажани двата дуела во Кратово (Силекс – АП Брера Струмица) и во Кавадарци (Тиквеш – Работнички).
Почетокот на натпреварите в сабота и недела е во 17:30 часот.