Руските системи за противвоздушна одбрана синоќа пресретнаа и уништија вкупно 112 украински дронови над различни региони на Русија и над водите на Азовското и Црното Море, соопшти Министерството за одбрана.
Од 20 часот по московско време синоќа до 4:40 часот утрово, дежурните системи за противвоздушна одбрана соборија 34 дронови над територијата на Ростовскиот регион, 31 над Краснодарскиот регион, 12 над Воронежскиот регион, 11 над Рјазанскиот регион, пет над Самарски регион, четири над територијата на Пензенскиот регион, два над Белгородскиот регион и по еден над Република Крим и Липецкиот регион. Уште 11 дронови беа соборени над Азовското и Црното Море, се вели во соопштението на министерството.