Царинската стапка од 39% за Швајцарија е шокантно — и полошо од најлошото сценарио. Ова се највисоките царини во Европа, а четврти највисоки глобално, по Сирија, Лаос и Мјанмар (освен ако Доналд Трамп не ги оствари своите закани од 50% царини, што би го ставило Бразил на врвот на листата).
Ова е главната вест во земјата која весникот Blick ја нарече „најголемата пораз на Швајцарија од битката кај Маринјано во 1515 година“.
Само пред неколку недели, швајцарската влада беше оптимистична. Претседателката Карин Келер-Зутер постигна лична средба со американскиот трговски секретар Скот Бесент, а надежите беа за договор со САД со царини од 10%, многу под првично предложените 31% од Трамп.
Но само неколку часа пред рокот на 1 август, завршниот повик до Трамп не даде резултат. Уште полошо — царините беа зголемени на казнени 39%.
Зошто?
Швајцарските политичари се поделени — некои велат дека тактиките биле премногу тврди, други дека биле премногу сервилни. Но веројатно вистината е едноставна: Швајцарија не е доволно „голема зделка“ за Трамп.
САД имаат трговски дефицит со Швајцарија од 47,4 милијарди долари (2024), но ако се вклучат и услугите, тој паѓа на 22 милијарди. Главни швајцарски извози: фармацевтски производи, накит, часовници и машински алатки.
Инаки Швајцарија веќе отстапи и вети црини на американски индустриски производи со 0%, а компании како Nestlé и Novartis најавија милијардски инвестиции во САД. Швајцарија е шести најголем странски инвеститор во САД, со 400.000 работни места поддржани
Но… балансирање на дефицитот е невозможно. Швајцарија има само 9 милиони жители и… не сака да купува американски производи (преголеми автомобили, сирење и чоколадо не по вкус).
Што понатаму?
Има мал прозорец за преговори до 7 август, пред да стапат на сила царините. Ако не се намалат, швајцарските бизниси предупредуваат на илјадници откази.
Можните потези: Повлекување на инвестициите, воведување реципрочни царини и откажување на нарачката за американските F-35 борбени авиони
„Швајцарија е казнета затоа што е иновативна?“
На 1 август – Националниот ден на Швајцарија, претседателката Келер-Зутер призна:
„Разговорите беа добри, но за Трамп, трговскиот дефицит беше пречка.“
Мнозина Швајцарци чувствуваат дека не се слави, туку се казнува — поради тоа што се успешни и конкурентни. Но има и такви кои велат: „Оваа земја преживеала и потешки економски удари — ќе преживее и овој.“
Извор BBC