Само неколку часа откако Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека во земјава нема активни пожари, попладнево избувна нов огнен фронт во атарот на тетовската општина Желино. Информацијата ја потврди директорот на ДЗС Стојанче Ангелов, кој најави дека дополнителни детали ќе бидат објавени наскоро.
„Екипи веќе се упатени на локацијата. Во овој момент е рано да говориме за размерите и причините. Ги мобилизиравме сите расположливи сили,“ изјави Ангелов кратко за медиумите.