Како да ја префрлите пензијата од Алта банка

Пензионерите што сакаат следната пензија да ја примат во друга банка прво треба да се одјават од исплата преку „Алта банка“ АД Битола. Потоа треба да се пријават во банката во која сакаат да продолжат да ја примаат пензијата, соопшти Народната банка.

За пријавувањето во новата банка може да приложат потврда со пензискиот број. Потврдата ја издаваат филијалите на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Одјавата и пријавата се вршат во банките, а Фондот ги исплаќа пензиите според податоците за сметките што ги добива од нив секој месец.

По средбата со директорот на Фондот Никола Мемов и претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионерите Станка Трајкова, гувернерот Трајко Славески рече дека Народната банка работи на тоа сите што сакаат да се одјават од Алта да можат да го направат тоа во наредните две недели.

За клиентите без платежна картичка, исплатата во главната филијала во Битола се врши на шалтер. Дозволено е подигање до 20.000 денари во период од две недели. Филијалата ќе работи и во сабота, на 7 ноември. Народната банка соопшти дека од 6 ноември се создадени услови и за исплата на средствата за корисниците на социјална помош.

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?