Полициска буџет жетва – Празничен викенд со 1.077 казни

Во двата празнични дена (2 и 3 август) полицијата евидентирала 1.077 сообраќајни прекршоци на патиштата низ државата, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи. Најчестиот престап и овој викенд беше непочитувањето на дозволената брзина: 314 возачи биле казнети за пребрзо возење.

Од вкупниот број издадени платни налози, 163 лица управувале без возачка дозвола. Алкохол во крвта над законскиот лимит бил утврден кај 48 возачи, кои веднаш биле отстранети од сообраќај.

Полицијата изрече санкции и за 156 мотоциклисти поради неносење заштитен шлем. Текот на викендот регистрирани се и 82 случаи на недозволено паркирање, 57 возачи биле казнети поради некористење сигурносен појас, а 24 – за зборување на мобилен телефон за време на возење. Четворица учесници во сообраќајот минале на црвено светло.

Со решение за отстранување од патиштата се соочија и 44 нерегистрирани возила.

Од МВР најавуваат дека интензивните контроли ќе продолжат и во наредните денови и упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот строго да ги почитуваат правилата и прописите, со цел да се намали бројот на несреќи и да се зголеми безбедноста на патиштата.

Зачлени се на нашиот е-билтен