Зеленски во телефонски разговор го запознал Рама со ситуацијата на фронтот и дипломатијата и му се заблагодарил за поддршката

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во објава на платформата „X“  наведе дека имал телефонски разговор со албанскиот премиер Еди Рама.

Зеленски напиша дека го информирал Рама за ситуацијата на воениот фронт и во дипломатијата, нагласувајќи дека Украина работи со сите партнери за да ја запре војната и да избегне понатамошни жртви.

„Разговаравме за подготовките за состаноци на важни меѓународни сцени. Ова ќе бидат посебни формати на соработка со партнерите. Ќе направиме сè за да ги заштитиме нашите луѓе“, напиша тој.

На крајот од својата порака, Зеленски изразува благодарност за поддршката на Албанија: „Ви благодарам, Еди. Ви благодарам, Албанија, за вашата непоколеблива поддршка за Украина”.

Зачлени се на нашиот е-билтен