Канцеларијата на Европската унија во Приштина ги повика политичките партии во Собранието на Косово „целосно“ да се придржуваат кон денешната пресуда на Уставниот суд за конституирањето на Парламентот.
Во објава на социјалните мрежи, Канцеларијата на ЕУ ги повика партиите да се ангажираат за да се најде компромис и да се формираат институции „што е можно поскоро“.
„ЕУ ги повикува сите политички партии претставени во Собранието на Косово да се придржуваат кон одлуката на Уставниот суд и да најдат компромис и потребно мнозинство за брзо да се продолжи со процесот на избор на претседател и потпретседател на собранието. Нема повеќе време за губење во политичкиот застој“, се наведува во одговорот.