Започна распоредувањето на припадници на Националната гарда во Вашингтон

Дел од најавените 800 припадници на Националната гарда што ќе бидат распоредени во Вашингтон по наредба на претседателот Доналд Трамп пристигнаа во тој град.

Драматични сцени од Вашингтон. Трамп со последната одлука, спроведува еден тип на воена состојба, каква не е запаметена од времето на претседателот Никсон за време на Виетнамската војна. Трамп донесе таква одлука со цел, како што изјави, да се справи со криминалот и притоа го нарече Вашингтон град на беззаконието.

Сепак, градските власти тврдат дека стапката на криминал во градот е во опаѓање.

Претседателот има законско право да презема такви чекори најмалку еден месец. Таа контроверзна тактика неодамна ја употреби Трамп во Лос Анџелес, поради протестите против неговите имиграциски акции во регионот, и покрај противењето на локалните власти.

Порано денес, тој денес објави дека ќе го стави Полицискиот оддел на Вашингтон под федерална контрола.

Градоначалничката Муриел Баузер вети дека ќе соработува со федералните службеници назначени од Трамп за да го надгледуваат спроведувањето на законот во градот, инсистирајќи шефот на полицијата да остане на чело на одделот и неговите службеници.

Зачлени се на нашиот е-билтен