СДСМ денеска ќе објави нови детали за скандалот: Кој стои зад вмровските шеми во Еразмус+

СДСМ денеска ќе објави нови детали за скандалот зошто Ана Михајлов, која е под истрага на ОЛАФ – Европската канцеларија за борба против измами, е назначена за в.д. директорка на Агенцијата?

Молкот на власта е силна потврда дека немаат аргументи и дека се обидуваат да ја прикријат вистината од јавноста, велат од СДСМ.

Владата молчи и никако не одговара на прашањата поврзани со скандалот со назначувањето на в.д. директорка на Националната агенција за европски образовни програми, институција која располага со милионски фондови од Европската унија преку Еразмус+.

Во најавата за пресот од СДСМ прашуваат: Кој сè е вмешан во овој скандал?


Дали и актуелна пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ е поврзана на некаков начин?


Кој е дел од вмровските шеми во Еразмус+?

Зачлени се на нашиот е-билтен