Дефект на една од главните водоводни линии со пречник Ф400 предизвика целосен прекин во водоснабдувањето во Тетово два дена по ред. Пукнувањето е на улицата „Александар Јовановски-Журчин“ во Горна Чаршија, каде комуналните екипи интервенираа вчера од 8 часот наутро до попладневните часови, а работите продолжуваат и денес од 9 до 12 часот со цел стабилизација на системот.
Според надлежните служби, дефектот е на главен довод, поради што прекинот го зафати најголемиот дел од градот. По завршувањето на денешните активности се очекува постепена нормализација на дотокот, прво во повисоките зони, а потоа и во останатите делови. Граѓаните се замолуваат за трпение и рационално користење на резервите до целосно отстранување на дефектот.