Авионот на руската делегација пристигна во Алјаска

Авион Ил-96 од специјалната летачка единица „Русија“ полета од Москва за Алјаска во денеска наутро. Според Flightradar24, авионот со број на лет RA-96023 полета од аеродромот Внуково и околу 8:00 часот наутро и пристигна во Анкориџ, Алјаска, каде што за петок е закажан состанок меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, за да се разговара за начините за завршување на конфликтот во Украина.

Според холандскиот „Москва Тајмс“, со овој лет најверојатно пристигнала главната група на руската делегација којашто ги вклучува министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, претседателскиот помошник Јуриј Ушаков, министерот за одбрана Андреј Белошов, министерот за финансии Антон Силуанов и специјалниот претседателски претставник Кирил Дмитриев.

Јулиј Ушаков, советник на рускиот претседател, изјави дека состанокот во Алјаска ќе започне утре во 11:30 часот по локално време, односно во 21:30 часот по македонско време.

Средбата ќе започне со разговор меѓу Путин и Трамп во тет-а-тет формат.

Инаку, во близина на воената база Елмендорф-Ричардсон, каде што ќе се одржат руско-американските преговори, има спомен-гробишта во кои се погребани девет советски пилоти, како и четири лица кои загинале во периодот 1942-1945 година додека користеле американски авиони според договорот „Ленд-лиз“.

Зачлени се на нашиот е-билтен