„Во моментов, рускиот воен персонал се наоѓа на територијата на Република Белорусија, каде што добива потребна психолошка и медицинска помош“, наведува Министерството во соопштение на каналот Телеграм, пренесен од руските медиуми.

По пристигнувањето во Русија, тие ќе бидат подложени на рехабилитација и лекување во воено-медицински установи, се додава во соопштението.