“Ова е најголема површина погодена од пожари од 2011 година, кога беа регистрирани само 54.300 хектари во текот на цела година. Најголемите опожарени површини се регистрирани во 2007 година, кога, според EFFIS имало 163 пожари во текот на цела година со 127.000 хектари опожарени површини, објави Топ чанел.
Некои од општините најпогодени од пожари оваа година се Делвина, Финиќ, Грамш и Поличан. Во Грамш беше регистрирана и првата жртва, 80-годишен маж, кој запалил оган во градината по што се прошири во големи размери.
Од масовните пожари што ја зафатија земјата во последните денови оштетени се 207 куќи, а 40 од нив се целосно изгорени.
Според официјалното соопштение на Националната агенција за ветеринарство, инспекциски тим од ветеринари на терен досега евидентирал дека пламените јазици уништиле 747 пчелни сандаци, а живи изгореле и над 100 грла овци и кози, како и 13 грла крупен добиток.
Повеќето од пожарите се намерно подметнати. Низ целата земја се идентификувани 137 сторители, од кои 46 се во притвор, а 91 се кривично гонети.