Посредниците во преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа предложија хуманитарна пауза од 48 часа, која би се надоврзала на веќе воспоставената 10-часовна пауза, јавува саудиската телевизија Ал Арабија.
Според непотврдени информации, палестинската милитантна група Хамас се согласила со предлогот, додека Израел го одбил, иако притисокот од посредниците продолжува, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Израел, Хамас и посредниците работат на повторно започнување на разговорите откако претходните обиди во јули не успеаа, а владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одобри планови за инвазија на градот Газа.
Во текот на неделата, Израел, Хамас, САД и неколку земји од Блискиот Исток ќе се сретнат за да разговараат за договор кој би можел да стави крај на 22-месечната војна и да овозможи ослободување на 50 заложници што ги држеше Хамас, од кои се верува дека најмалку 20 се уште се живи.