Во Србија протестите преминаа во жестоки судири

EPA/ANDREJ CUKIC
EPA/ANDREJ CUKIC

Во Белград вчера и во текот на ноќта имаше повеќе инциденти, а во Нови Сад беа демолирани три простории на владејачката Српска напредна партија (СНС). Протестите преминаа во жестоки судири.

И во Нови Сад имаше судир меѓу демонстрантите и полицијата. Полицијата фрли солзавец кон демонстрантите.

Солзавец беше фрлен неколку пати на неколку локации во Белград, каде што имаше протести.

Неколку кордони на жандармеријата и полицијата во опрема за разбивање на демонстрациите ги одвоија учесниците на протестот од поддржувачите на владата во близина на зградата на Генералштабот во Белград.

Антивладините демонстранти се собраа во неколку градови во Србија на протест свикан од студентите кои со месеци ги блокираат високообразовните институции со пораката „Вечерва пукате по шевовите“. набргу протестите се претворија во судири при што беше употребен солзавец и сила за да се разбијат демострантите, јавуваат медиумите.

Пред просториите на Српската напредна партија се одржаа протести во десетици градови, што доведе до тензии и полициски интервенции.

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека на протестот се уапсени најмалку 37 лица за напад врз полицијата.

Тој рече дека се повредени најмалку 42 повредени полицајци, додавајќи дека секој што ја нападнал полицијата ќе биде уапсен.

Српскиот претседател Александар Вучиќ го осуди уривањето на просториите на Српската напредна партија во Нови Сад и рече дека сите оние што биле насилни ќе бидат повикани на одговорност.

Зачлени се на нашиот е-билтен