Трамп пристигна на Алјаска за самитот со Путин

EPA-EFE/LUDOVIC MARIN / POOL
EPA-EFE/LUDOVIC MARIN / POOL

Авионoт на американскиот претседател Доналд Трамп вечерва слета на воздухопловната база Елмендорф-Ричардсон на Алјаска, каде што подоцна треба да се одржи состанок со рускиот претседател Владимир Путин.

Како што јавува агенцијата Франс прес, станува збор за историски самит кој би можел да ја одреди судбината на војната во Украина.

Овој настан претставува и враќање на рускиот лидер на дипломатската сцена, бидејќи по неговото пристигнување на Алјаска, на пистата ќе го пречека лично американскиот претседател Трамп, наведува AFP.

Кремљ претходно соопшти дека состанокот може да трае најмалку шест до седум часа. „Точно во 11:00 часот (19:00 GMT), претседателот (Путин) треба да слета, а претседателот Трамп ќе го пречека на пистата“, изјави портпаролот на Кремљ за руските новинари.

Меѓу главните теми на разговорите ќе бидат состојбата во Украина и глобалните безбедносни прашања, при што, според дипломатски извори, европските земји моментално немаат директна улога во одлучувањето за иднината на Украина.

Зачлени се на нашиот е-билтен