„Не сме вреќи за удирање“: Напнато во центарот на Белград

Со пораки „Не сме вреќи за удирање“, „Србија е во Ваљево, а гневот е во нас“, „Го теравте децата да ни клечат, затоа народот ќе ви се крене“ – протестите продолжуваат и вечерва низ цела Србија.

Демонстрации се одржуваат во Ваљево, Белград, Нови Сад, Пријепоље, Зрењанин и во многу други градови.

Во Нови Сад, дел од учесниците се упатија пред седиштето на Безбедносно-информативната агенција (БИА), додека во Белград атмосферата во центарот останува напната со силно полициско присуство.

Зачлени се на нашиот е-билтен