И демократите и републиканците го критикуваа Трамп по средбата со Путин

EPA-EFE/LUDOVIC MARIN / POOL
EPA-EFE/LUDOVIC MARIN / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп се соочи со остри критики и од демократите и од дел од сопствената партија по средбата со рускиот лидер Владимир Путин во Алјаска.

Иако претходно најавуваше „сериозни последици“ за Москва доколку не се согласи на прекин на огнот во Украина, конкретни резултати не беа постигнати.

Конзервативниот коментатор Бил О’Рајли оцени дека „времето не работи во корист на Трамп“ и повика на поголем економски притисок врз Русија. Сенаторот Линдзи Греем, пак, изјави дека најдобар исход би бил прекин на огнот „далеку пред Божиќ“.

Демократите беа уште поостри: Џек Рид рече дека „третманот за Путин и аплаузите“ биле погрешен сигнал, а конгресменот Мајк Квигли додаде дека „Трамп буквално му прострел црвен тепих“.

Незадоволство стигна и од републикански редови – конгресменот Брајан Фицпатрик порача дека вистинска безбедност може да се обезбеди само со сојузниците и Украина на масата за преговори.

Иако Путин тврдеше дека постигнале „договори што можат да бидат темел за решавање на украинското прашање“, Трамп призна дека „нема договор додека нема договор“ и ја префрли одговорноста на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зачлени се на нашиот е-билтен