Трамп: Сеопфатен мировен договор е подобра опција од привремено примирје во Украина

EPA-EFE/LUDOVIC MARIN / POOL
EPA-EFE/LUDOVIC MARIN / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп изјавил дека постигнувањето сеопфатен мировен договор со Русија е подобро решение од привремено примирје во Украина. Ова го објави американскиот портал Aксиос, повикувајќи се на извор запознаен со денешниот телефонски разговор меѓу Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски и лидерите на Европската Унија.

Според извори на Aксиос, Трамп им соопштил на учесниците дека рускиот претседател Владимир Путин не е заинтересиран за краткорочно примирје, туку за трајно решение кое би ја завршило војната.

„Брз мировен договор е подобар од примирјето“, го цитираше порталот кажаното од Трамп за време на разговорот.

Зачлени се на нашиот е-билтен