[Видео] Еве како изгледа ако влезете во окото на ураганот Ерин

Ловците на урагани влетаа во окото на ураганот Ерин и направија снимки што го покажуваат неговиот „ефект што го одзема здивот“.

Видеото го направи тимот на Резервните ловци на урагани на воздухопловните сили од 53-та ескадрила за временско извидување на 403-то крило кое собира податоци за тропско време и зимски бури.

Видеото и информацијата ја објави Канцеларијата за односи со јавноста на оваа единица на воздухопловните сили на САД.

Ерин започна како тропска бура во петокот наутро, пред да претрпи екстремно брзо интензивирање и зајакнување до категорија 5 во саботата. До вечерта, првиот ураган од атлантската сезона 2025 година ослабе до голема бура од категорија 4, а денеска Националниот центар за урагани соопшти дека силата на ураганот паднала на тројка.

Зачлени се на нашиот е-билтен