СДСМ го праша Мицкоски: Зошто ВМРО-ДПМНЕ ја даде концесијата за Казандол?

Социјалдемократите и денеска бараат одговор од премиерот Христијан Мицкоски, зошто ВМРО-ДПМНЕ ја даде концесијата за Казандол во 2015 година.

Социјалдемократите и денеска бараат одговор од премиерот Христијан Мицкоски, зошто ВМРО-ДПМНЕ ја даде концесијата за Казандол во 2015 година. Од СДСМ посочуваат дека тој се обидува да ја изврти вистината и да зборува за арбитражите кои СДСМ ги доби. Тие се сомневаат дека зад таквиот чекор стојат бизнис интереси.

„Дали заради тоа што бизнис интерсите им беа поважни од граѓаните? Зошто ВМРО-ДПМНЕ застана против граѓаните од југоисточниот регион кои беа против оворањето на рудниците?“, велат од СДСМ.

Според нив ова се прашањата на кои Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да одговорат. Додаваат дека владата на СДСМ го раскина договорот за „Казандол“.

„Инаку се знае дека Владата на СДСМ во март 2018 година го раскина договорот за „Казандол“ и застана на страната на граѓаните. Токму Владата на СДСМ ја истера до крај арбитражната постапка за Казандол, која е завршена успешно во интерес на државата а сега само стигнува одлуката. Благодарение на граѓанскиот отпор и одлуките на Владата на СДСМ, денес рудникот „Казандол“ не постои, а државата ја доби и арбитражата. Тоа е целата вистина“, посочуваат од СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен