За посетата на гробишта каде запалил свеќа за жртвите, објави на Фејсбук родител на едно од загинатите деца во трагедијата во дискотека „Пулс“.
„Разбрав дека денес премиерот бил на гробиштата во Кочани и запалил свеќа на гробовите на нашите ангели. Само тивок и достоинствен чин. За нас, родителите, секој кој ќе застане со почит пред болката што ја носиме е пред сѐ човек. Денес така го доживеав и премиерот, како човек. Ве молам, не ја злоупотребувајте оваа болка за политика и дневни поени. Болката е наша, а гестот беше човечки. Тоа е доволно“, вели родителот во објава на Фејсбук, објави МИА.