Американскиот потпретседател, Џ.Д. Венс, изјави дека европските земји ќе мора да го понесат „лавовскиот дел“ од товарот за безбедносните гаранции на Украина.
-Не мислам дека ние треба да го носиме тој товар. Мислам дека треба да бидеме од помош во однос на запирањето на војната и убиствата. Но, треба да очекуваме, а претседателот сигурно тоа го очекува, Европа да одигра водечка улога, рече Венс во програмата „The Ingraham Angle“ на Фокс њуз.
„Без оглед на тоа каква форма ќе има, Европејците ќе мора да го понесат лавовскиот дел од товарот“, додаде американскиот потпретседател