На 22 август 2025 година, околу 18:00 часот, на магистралниот пат Скопје – Граничен премин Долно Блаце, на околу 200 метри пред самиот премин, патничко возило „Фолксваген Голф“ со германски регистарски ознаки, управувано од Б.С. (22) од Косово со живеалиште во СР Германија, удрило во пешакот К.М. (53) од Украина.
Пешакот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош од Косово бил пренесен во најблиската болница во Косово, каде што во 20:20 часот им подлегнал на повредите. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.
Возачката Б.С. добила телесни повреди, констатирани во приватна болница во Скопје.
Увид на местото кај Долно Блаце извршија јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје. Се работи на целосно расчистување на причините и околностите на несреќата.