Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Зеленски ја прими наградата „Карло Велики“, за Моравјецки тој е најистакнат лидер на 21. век

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја прими наградата „Карло Велики“ доделена нему и на украинскиот народ за нивните напори да се спротивстават на руската агресија врз нивната земја, опишувајќи ја како „голема чест“.

Обраќајќи им се на присутните во својот говор за време на церемонијата на доделувањето на наградата во западниот германски град Ахен, Зеленски истакна дека стои таму за Украинците кои секојдневно се борат за својата слобода и за вредностите на Европа, објавија западните медиуми.

Секој од нив заслужува да застане овде, нагласи Зеленски.

Украинскиот претседател додаде дека Украина не сака ништо повеќе од мир – но тоа може да се постигне само со победа во сегашниот конфликт.

Војната во Украина, исто така, ќе ја реши судбината на Европа, затоа што Русија, која е способна за секаква суровост и злобност, има намера да ја поништи историјата на европското обединување, изјави Зеленски.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки го поздрави украинскиот претседател Володимир Зеленски како бранител на европските вредности.

Тој смета дека Зеленски е „голем европски лидер“, „херој“ и „најистакнат лидер на меѓународната сцена во 21 век“, јавуваат западните медиуми.

Претседателот Зеленски е пример за секој политичар … Руските варварски напади, од друга страна, беа антитеза на слободна Европа што ја бранеше Украина, додаде Моравјецки за време на церемонијата на доделување на наградата во Ахен.

Во својот говор, полскиот премиер го цитираше поранешниот француски министер за надворешни работи и пионер на европското обединување, Роберт Шуман, кој рече дека обединета Европа во принцип мора да биде отворена за секоја демократска европска земја.

Пристапувањето на Украина во Европската унија е една од најважните цели на Зеленски.

Зачлени се на нашиот е-билтен