Рама со влада на иднината: 9 жени министри и 8 мажи – виртуелната Diela во фокусот

Албанскиот премиер Еди Рама ја претстави својата нова влада преку фотоалбум на Инстаграм и на официјалниот профил на Владата на Албанија, со порака „Shqipëria 2030 në BE“. Она што веднаш се издвојува е родовиот баланс – од вкупно 17 министри, 9 се жени, а 8 мажи.

Најголемо внимание привлече првата виртуелна министерка Diela, создадена со помош на вештачка интелигенција, која според Рама симболизира иднина и модернизација на институциите.

Со ваквиот состав, Рама испраќа порака дека Албанија чекори со европските трендови – и преку засилената застапеност на жените во политиката, и преку интеграција на нови технологии во владините процеси.

Зачлени се на нашиот е-билтен