Скандал во српската полиција: исчезнаа над 500 парчиња оружје од станица во Дољевац

Телевизијата N1 дознава дека од полициската станица во Дољевац исчезнале повеќе од 500 парчиња оружје, меѓу кои пиштоли, пушки и муниција. Според извори, станува збор за оружје што граѓаните го предале по наредба, а кое било целосно употребливо.

Ова е втор ваков случај во рамките на Полициската управа во Ниш – пред две години од станицата во Пантелеј исчезнаа стотици пиштоли, но јавноста сè уште нема добиено објаснување.

Српското МВР засега молчи, а според неофицијални информации, во тек е внатрешна контрола.

Зачлени се на нашиот е-билтен