НАТО до Москва: Ако сте мечка, нема потреба да го докажувате тоа

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, остро се пошегува со одговорите од Москва по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Русија е „хартиен тигар“. „Цел ден го слушаме Кремљ како повторува: ‘Ние не сме хартиен тигар, ние сме мечка.’ Ако сте мечка, не мора да го нагласувате тоа — сите ќе го забележат. Тоа открива слабост од руската страна“, рече Руте во гостување на „Фокс њуз“ на 25 септември, додавајќи дека Трамп „погодил нерв“ во Кремљ.

Руската страна возврати ден претходно (24 септември) преку портпаролот Дмитриј Песков, кој порача дека „Русија е мечка, а не тигар“ и дека „не постои хартиена мечка“, бранејќи ја тезата дека руските сили „напредуваат на сите фронтови во Украина“.

Политичката препирка следеше по наглата промена во реториката на Трамп за Украина на 24 септември во Њујорк, каде што изјави дека со поддршка од ЕУ и НАТО „Украина може да ја врати целата територија“ до „оригиналните граници“, а истовремено порача дека НАТО државите треба да соборуваат руски летала што навлегуваат во нивниот воздушен простор.

Руте, кој ден подоцна ја поддржа линијата дека членовите на Алијансата имаат право да дејствуваат против руски дронови и авиони што го нарушуваат НАТО-небото, нагласи дека процедурите се јасни: од ескорт до „поодлучни мерки“, зависно од заканата.

Зачлени се на нашиот е-билтен