Дисплинска и пријава за 11 полицајци во СВР Велес за случајот Росица Коцева

За единаесет лица во СВР Велес е поведена дисциплинка постапка паралелно со известување до јавното обвинителство затоа што не постапиле целосно согласно законските обврски и процедури во случајот на Росица Коцева.

За единаесет лица во СВР Велес е поведена дисциплинка постапка паралелно со известување до јавното обвинителство затоа што не постапиле целосно согласно законските обврски и процедури во случајот на Росица Коцева.

Ова стои во соопштението на Министерството за внатрешни работи, во кое, како што се наведува, по насока на министерот Панче Тошковски, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди извршил детални проверки во врска со постапувањето на Секторот за внатрешни работи Велес по сите настани кои биле пријавени од страна на жртвата Росица Коцева.

Во најголемиот дел од случаите полицијата постапила согласно законските процедури, за што била поднесена и кривична пријава против пријавениот, која заврши со условна пресуда во судска постапка. Сепак, внатрешната контрола утврди дека во дел од претходните пријави на жртвата не било постапено целосно согласно законските обврски и процедурите.

Врз основа на извршените проверки поднесен е предлог за поведување на дисциплинска постапка за 11 лица вработени во СВР Велес, а за утврдените наоди писмено е известено и Јавното обвинителство за натамошно постапување во рамки на нивната надлежност.

Министерството за внатрешни работи останува посветено на транспарентност, професионалност, отчетност и одговорност и во тој контекст ќе продолжи со унапредување на процедурите и отстранување на системските недостатоци за поголема ефикасност на полицијата во заштитата на граѓаните.

Зачлени се на нашиот е-билтен