Британија воведува дигитални лични карти со цел спречување на нелегалната работа

Британската влада денеска објави дека ќе воведе дигитални лични карти за своите граѓани и резиденти, со цел да се зајакне борбата против нелегалната работа.

Дигиталните лични карти нема да имаат материјална верзија, туку ќе бидат регистрирани во мобилните телефони. „Овој систем ќе го отежни нелегалниот труд во земјата, а воедно ќе им понуди на граѓаните бројни предности, како можност полесно да го докажат својот идентитет за побрз пристап до неопходни услуги“, наведено е во соопштението на премиерот Киер Стармер.

Министерката за култура, Лиза Ненди, изјави дека сите британски државјани ќе мора да поседуваат дигитална лична карта и дека таа ќе биде задолжителна за сите кои сакаат да работат во земјата, пренесе BBC.

Зачлени се на нашиот е-билтен