После 55 години Бугарија е повторно финалист на Светското во одбојка за мажи, откако претпладнево во првиот полуфинален дуел во филипинскиот град Пасај сити триумфираше над Чешка со 3:1 (25:20, 23:25, 25:21, 25:22).
Противник на Бугарија во борбата за златниот медал ќе биде победникот од денешното второ полуфинале меѓу светскиот шампион Италија и европскиот првак.
Ова е второ финале во историјата на Бугарија, која има и четири бронзени медали во машка конкуренција.
Во дебитантскиот настап во мундијалските финалиња, Бугарија загуби од поранешна Источна Германија со 3-2 во сетови на Светското првенство кое во 1970 година се одржа во Софија.