Косовскиот порталот Газетаметро.нет објави вест за средба претседателката на Косово Вјоса Османи, со тројца претставници на американската администрација: г-дин Ричард Гренел, претседателски пратеник за специјални мисии, Скот Бесент, државен секретар за финансии и Џон Јовановиќ, претседател на EXIM банката.
Порталот го проблематизира учеството на претседателката на Косово на оваа средба затоа што на неа бил и шефот на дипломатијата на Република Србија марко Ѓуриќ.
Советникот за медиуми на претседателството ма Косово, Беким Купина, за ГазетаМетро рекол дека поканата за оваа тркалезна маса дошла од претставници на американската администрација.
„Поканата за ‘Тркалезната маса САД-Западен Балкан’ беше упатена од тројца претставници на американската администрација: г-дин Ричард Гренел, претседателски пратеник за специјални мисии, Скот Бесент, државен секретар за финансии и Џон Јовановиќ, претседател на EXIM банката. Беа поканети сите шест земји од Западен Балкан, како и Хрватска. Учествуваа сите поканети земји. Претседателот пристигна таму во вториот дел од состанокот поради други билатерални средби“, објаснува Купина.
Она што е интересно за нашата, македонска, јавност, на таа средба бил и нашиот министер за надворешни работи и меѓународна трговија Тимчо Муцунски, но тој за оваа средба не објави информација.
Тимот за односи со јавноста има објавено бројни содржини за средбите на Муцунски и за неговите учества на настаните во Њујорк, но нема ништо за оваа средба.
Ова дотолку повеќе, што има дури и инфорамвии за средбите со македонската дијаспора и посетата на македонските цркви во САД, но нема инфо за средбата со Ричард Гренел кој беше пратставуван како голем пријател на Северна Македонија.
Рацин.мк испрати прашања во Министерството за надворешни работи со кои бараме информација за оваа средба и штом ќе ги добиеме, ќе бидат објавени,