Силен земјотрес ја потресе западна Турција – почувствуван и во Истанбул и Измир!

Земјотрес со јачина од 5,4 степени по Рихтер денеска околу 12:59 часот ја стресе западна Турција. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, потресот е регистриран на само девет километри длабочина, со епицентар во близина на Кутахја, на 15 километри од Симав и 71 километар од Ушак.

Медиумите јавуваат дека силниот потрес јасно се почувствувал и во Истанбул, Измир, како и во делови од Мраморното и Егејското Море.

Зачлени се на нашиот е-билтен