Бојан, македонски кантавтор и сешн музичар, овие денови ја започна промоцијата на неговиот музички проект „Блок 25“.
Сега засега неговите песни се објавени на СаундКлауд. Неговиот музички ракопис е акустичен рок, а инспирацијата ја црпи од звукот на 90тите и раните 2000ти, со текстови кои опфаќаат интроспективни, апстрактни теми.
Песните се направени и снимени ова лето, а се издадоа пред околу еден месец. Бојан е автор и на музиката и на текстовите
Две од песните се само со вокал и гитара, додека најновата, синглот Waking Up е со целосен бенд односно има и други инструменти.
Карактеристика за неговитер први објавени песни бавнио ритам и длабок вокал, особено првите две.
Последната песна е снимена и аранжирана во Sound Pill студио. Моментално работам и на проект со артистка од САД.

Бојан работи и филмска музика. Неговото деби на овој план беше краткометражен филм кој ја имаше премиерата во Битола во Кино Манаки.
Бојан е вклучен и во неколку проекти како session музичар во текот на речиси целата година.