Десет загинати во напад со автомобил-бомба во Пакистан, полицијата ги убила сите напаѓачи

Полицијата соопшти дека сите шест напаѓачи биле убиени во престрелка со безбедносните сили пред експлозијата. Според извори од полицијата, напаѓачите имале интензивна размена на оган со војниците пред да ја активираат бомбата.

Ниту една група засега не ја презела одговорноста за нападот, но постои сомнение дека зад него стојат сепаратисти од бунтовничката провинција Белуџистан, чиј главен град е токму Квета.

Претседателот на Пакистан, Асид Али Зардари, и премиерот Шахбаз Шариф, ја поздравија брзата реакција на безбедносните сили и елиминацијата на напаѓачите.

Белуџистан, кој се наоѓа на југозападот на Пакистан, излегува на Оманијскиот Залив и граничи со Авганистан, долго време е епицентар на побуната на таканаречената Белуџистанска ослободителна армија, која бара отцепување од Пакистан.

Пред неколку недели, во сличен напад во близина на стадион во Квета, загинаа 13 лица, а 30 беа повредени, кога бомбаш самоубиец изврши напад за време на собир на пристапници на една националистичка партија.

Зачлени се на нашиот е-билтен