Тајно ја погребала мајка си и ја криела смртта за да ја зема пензијата

Тајно ја погребала

Тајно ја погребала мајка си и ја криела смртта за да ја зема пензијата и тоа ја однесе во затвор. Шеесет и двегодишна жена која призна дека ја закопала својата 91-годишна мајка во дворот на нивниот дом во Виотија, во Грција за да може да продолжи да ги прима пензиските и инвалидските бенефиции, е осудена на 14 месеци затвор за лажно сведочење.

Таа ќе отслужи еден месец во притвор, а преостанатите 13 месеци ќе ги помине условно.

Жената денес сведочеше дека нејзината мајка починала на крајот на август 2023 година и дека ја сокрила смртта бидејќи била должна на лихвар.

„Долгот кон лихварот во 2017 година изнесуваше околу 56.000 евра. Доаѓаше дома навечер. Доаѓаше и на моето работно место“, рекла таа.

„Моето дете имало 20 години, а јас имав јамка околу вратот. Се обидов да направам нешто за моето дете, на погрешен начин“, додаде таа.

Зачлени се на нашиот е-билтен