Зимата стигна на планините – денеска врнежите од дожд преминуваат во снег, а на Попова Шапка веќе се формира првата снежна покривка за сезоната.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде портокалов метеоаларм заради обилни врнежи – на повеќе места се очекуваат над 30 литри дожд на квадратен метар, а локално и над 50 литри. На планините врнежите ќе преминуваат во снег, со значителна снежна покривка, особено на северозападните предели.
Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Денеска најстудено е во Маврово (утринска 1, дневна 3 степени), а најтопло во Гевгелија (до 13 степени).
Во наредните денови ќе продолжи продорот на студен воздух. Утре на планините врнежите повторно ќе преминуваат во снег, а во петок можно е снег и на некои повисоки места низ земјата. Од сабота времето ќе се стабилизира, со ниски утрински температури кои ќе одат под нулата, додека дневните постепено ќе растат.
Есента веќе јасно ја најавува зимата.