Нова студија покажува дека користењето печки на дрва може да го оштети капацитетот на белите дробови на сличен начин како и цигарите.
Истражувањето, претставено на Конгресот на Европското респираторно друштво во Амстердам, следело резултати од повторени тестови на функцијата на белите дробови во текот на осум години кај учесници од Англиската долгорочна студија за стареење. Мерењата покажале дека луѓето кои редовно користат печки на дрва губат капацитет на белите дробови побрзо отколку оние кои не ги користат, и покрај тоа што обично се поздрави и помалку пушат.
Истражувачите, предводени од д-р Лора Хорсфал, објаснуваат дека честичките од согорувањето дрво предизвикуваат воспаление и оштетување на респираторните ткива, слично на ефектите од цигарниот чад. Иако печките на дрва се често претставуваат како еколошки решение, нивната популарност може да има скриен негативен ефект врз здравјето.
Особено ранливи се децата, чиј респираторен систем се уште се развива, и постарите лица, кои веќе можат да имаат намален капацитет за дишење.
Стручњаците советуваат да се внимава на изложеноста на чад од дрва и да се разгледаат алтернативи за греење кои се помалку штетни за здравјето.