Снежна бура го блокира Еверест – речиси илјада луѓе заробени на планината

Спасувачките екипи во Кина се обидуваат да воспостават пристап до камповите на источната страна на Монт Еверест, каде што речиси илјада луѓе се заробени во снежна бура што ги блокира патиштата, јавуваат државните медиуми.

Стотици локални жители и спасувачи се распоредени за расчистување на снегот на надморска височина поголема од 4.900 метри, пренесе Ројтерс. Дел од туристите веќе се евакуирани кон подножјето на планината.

Бурата започнала во петок навечер и продолжила во саботата, оставајќи зад себе сериозни прекини во сообраќајот и логистиката на највисоката планина во светот.

Во соседен Непал, обилните врнежи предизвикаа свлечишта што блокираа патишта, урнаа мостови и предизвикаа смрт на најмалку 47 лица од петокот досега. Дополнително, во источниот дел на земјата, на границата со Индија, 35 лица загинале во одвоени поплави.

Извор: Reuters / AFP

Зачлени се на нашиот е-билтен