Пет лица загинаа, а 14 се повредени откако минибус со земјоделски работници излета од патот и се преврти во јарак во округот Ердемли, во јужната турска провинција Мерсин.
Според првичните информации, минибусот го управувал возач чиј идентитет се уште не е утврден, а несреќата се случила во населбата Авгади, во махалијата Ајдинлар, јавува агенцијата Анадолија.
На местото на несреќата интервенирале екипи на брза помош, жандармерија и пожарникари. Спасувачите потврдиле дека пет лица го загубиле животот, додека 14 повредени се пренесени во блиските болници за лекување.
Истражната постапка за причините на несреќата е во тек.