Европскиот парламент ги објави петте филма номинирани за престижната филмска награда „ЛУКС“ за 2026 година: „Кристи“, „Глуви“, „Беше само несреќа“, „Сакај ме нежно“ и „Сентиментална вредност“.
На презентацијата во Стразбур, заменик-претседателката на Европскиот парламент Сабине Верхајен истакна дека номинираните дела ја отсликуваат разновидноста на европското општество и потребата од стабилен културен буџет како темел на посилни и поинклузивни демократии.
Сите пет филмови ќе бидат бесплатно преведени на 24-те официјални јазици на ЕУ и прилагодени за лица со оштетен слух, со што ќе станат подостапни за поширока европска публика.
Филмовите ќе бидат прикажувани низ кината во ЕУ, а добитникот на наградата ќе биде избран во април 2026 година според гласовите на европратениците и јавноста, во сооднос 50-50.