Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) денеска соопшти дека на 2 септември извршила воздушен напад врз Сирија, при што е убиен еден од водечките воени планери на терористичката група Ал Каеда.
Во соопштението се наведува дека е елиминиран Мухамед Абдулвахаб ал-Ахмад, член на групата Ансар ал-Ислам поврзана со Ал Каеда.
Командантот на Централната команда на САД, адмирал Бред Купер, изјави дека американските сили на Блискиот Исток работат на попречување и уништување на активностите на терористичките групи, кои планираат и извршуваат напади.
„Нашите сили ќе продолжат да ги штитат САД, сојузниците и партнерите во регионот и низ целиот свет“, наведе Купер.
Коалицијата предводена од САД повремено ги напаѓа лидерите на Исламска држава и на Ал Каеда во Сирија како дел од своите операции.