Во Грција се урна балкон – жена за влакно ја избегна трагедијата

Во грчкиот град Лаврио безбедносните камери забележале драматичен момент кога балкон од двокатна зграда се урнал непосредно над жена што минувала по тротоарот, која за малку избегнала смртен исход.

Инцидентот се случил вчера попладне, околу 15 часот, во зграда каде што се наоѓа многу посетена аптека. Според информациите, најпрво дел од парапетот се одвоил и паднал врз конструкцијата, по што целиот балкон се срушил на улицата пред аптеката.

Жената што се нашла во непосредна близина на местото на падот имала голема среќа — поминала само со полесни повреди. Големи парчиња бетон паднале од висина од околу два метра, оштетувајќи четири паркирани возила и предизвикувајќи значителна материјална штета.

Локалните власти најавија увид на местото на настанот за да се утврдат причините за уривањето и можната одговорност за пропустите во одржувањето на објектот.

Зачлени се на нашиот е-билтен