Утре 10 октомври во 17 часот во паркот на франкофонијата, во Мобилната монтажна галерија ќе се одржи изложба на дизајнерски накит, на кој скопјани се поканети да присувствуваат.

Овој проект претставува современ дијалог меѓу традицијата и иднината — колекција накит што ја спојува рафинираната прецизност на македонскиот филигран со идеологијата на одржливост. Работејќи со рециклирани материјали како отпаден кориан, уметницата ја преиспитува врската меѓу вредноста, материјалот и рачната изработка.
Во време кога светот мора повторно да размисли за создавањето и потрошувачката, нејзината практика се стреми кон обнова – кон претворање на заборавените фрагменти во нешто ново, елегантно и значајно.

Колекцијата стои на границата меѓу наследство и иновација, носејќи ја идејата дека убавината може да произлезе од одговорност, а традицијата – да биде водилка кон поодржлива иднина.