Пријателите и соработниците се збогуваат: Широко небо Панчо

Седум месеци по трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ (16 март), во кој загина Андреј од дуото ДНК, почина и Владимир Блажев – Панчо, вториот член на групата.

Панчо повеќе од половина година се бореше со повредите, изгорениците на телото и лицето, но за жал, не успеа да ги надмине последиците од несреќата.

По неговата смрт, пријателите, колегите и фановите на социјалните мрежи се збогуваа со големиот музичар, споделувајќи спомени и пораки за поддршка. Многумина го истакнаа неговиот придонес на македонската музичка сцена и влијанието што го имаше врз луѓето околу него.

„Широко небо Панчо. Не наоѓам зборови џуџе, мислев нема да се дадеш“, напиша Миа Костова, една од блиските соработници на дуото. Перо Антиќ, Антониа Гиговска, Нина Јанева, Бока Конга, Кики Мукаетова и други го испратија своето збогување со пораки полни со почит и спомени од соработката со Панчо.

Смртта на Панчо остави длабок впечаток во јавноста, а неговото наследство во македонската музика ќе остане запаметено.

Зачлени се на нашиот е-билтен