Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди западниот дел на Турција, во близина на градот Баликесир, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Според податоците, епицентарот бил на длабочина од околу девет километри. Засега нема информации за повредени лица или материјална штета.
Во последните неколку месеци, регионот околу Баликесир е погоден од повеќе послаби земјотреси, што предизвикува загриженост меѓу жителите за можна повторна сеизмичка активност.