Веќе 10 дена населените места Велмеј, Брежани и Лешани во општина Дебарца се отсечени од светот заради целосниот прекин на сигналот за мобилна телефонија и интернет на сите оператори, вклучувајќи ги А1 и Телеком, како и без телевизиски сигнал (за претплатниците на Телеком).

Во реакцијата до медиумите на Советот на Месна Заедница на С. Велмеј, во име на жителите на Велмеј, Брежани и Лешани, се вели дека иИако е поединечно реагирано до операторите А1, Телеком и до компанијата ЕВН, проблемот досега не е решен.
Оваа состојба е животозагрозувачка и особено тешка, бидејќи во наведеното подрачје живеат претежно стари и изнемоштени лица. Отсуството на основни комуникациски средства го отежнува нивниот секојдневен живот, оневозможува комуникација со нивните семејства и, што е најважно, ги спречува да повикаат итна помош во случај на здравствена или друга опасност, посочуваат жителите на посочените населени места
Тие аперлираат до А1, Телеком и ЕВН веднаш да излезат со официјално соопштение до јавноста и жителите на Велмеј, Брежани и Лешани во кое ќе го објаснат настанот и причините за ваквиот долготраен прекин и тно да преземат конкретни мерки за решавање на дефектот, наместо да ја префрлаат вината меѓусебно.