„Булмак 2016“ уплати 58.231.096 денари за концесии во државниот и во буџетите на Пробиштип, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица

Износот за концесиски надоместоци од „Булмак 2016“ за четирите општини Пробиштип, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица, само за првите 9 месеци од 2025 година изнесува 45.420.255 денари.

„Булмак 2016“, компанијата што ги управува рудниците „Злетово“ и „Тораница“, ја информира јавноста дека во првите девет месеци од 2025 година плати вкупно 58.231.096денари концесиски надоместоци. Согласно законската распределба од нив 22% се слеваат во државниот буџет, односно 12.810.841 денари и останатите 78% или 45.420.255 денари се слеваат во буџетите на Пробиштип, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица.

„Нашата одговорност се гледа и во бројки и во доверба. Во првите девет месеци од 2025 година пресметавме 58.231.096 денари за концесиски надоместоци, од кои значаен дел се слеваат во четири локални буџети. Тоа се средства за улици, училишта, спорт и услуги што граѓаните ги користат секој ден. Ќе продолжиме со транспарентна комуникација, инвестиции во безбедност и модернизација на нашите рудници  и со цврсто партнерство со заедниците во кои работиме,“ изјави Тони Тоневски, директор на „Булмак 2016“.

Компанијата со навремена исплата на средствата ја покажува и општествената одговорност кон локалната заедница. Средствата на локално ниво се распределуваат во четири општини каде што компанијата има активности. Општина Пробиштип добива 21.694.615 денари, Крива Паланка – 21.817.460 денари, Кратово – 1.384.763 денари и Македонска Каменица – 523.417 денари. Овој прилив ја нагласува регионалната важност на работењето на рудниците Тораница и Злетово како стабилен извор за финансирање на општински проекти во инфраструктурата, образованието, спортот и јавните услуги.

„Булмак 2016“ останува посветен на навремено исполнување на сите законски обврски и на отворена комуникација со јавноста.

Комбинацијата од стабилно производство и предвидливи уплати создава поголема сигурност за локалните буџети и дополнителен простор за развојни проекти на регионално ниво. Во фокусот на компанијата се безбедноста, ефикасноста и општествена одговорност, со континуирани инвестиции во технологија, модернизација и мерки за заштита на животната средина, во партнерство со локалните заедници.

Зачлени се на нашиот е-билтен